нејзин (прид.) - другар (имн.)

А Милка се гордееше со своето. Навистина нејзините другарки имаа многу лоши мачиња.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ајде, дувај ја тортата и замисли желба! - викнаа неколку нејзини другарки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш нејзината другарка издава дека победничката ги купила своите колачиња, наместо самата да ги испече.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од далеку ја видов Ели како си игра во дворот со нејзината другарка од комшиите Мариче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Знаела дека таа, нејзината другарка, завршила економско училиште и работела во банката.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сопругот на нејзината другарка дошол службено во печатницата каде што таа била коректор.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Единствено треба да положиш кај нејзините другарки зашто тие ќе ти ја дадат или нема да ти ја дадат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бендот започна со свирката. За чудо, им пееше девојче, кое не се разликуваше многу од нејзините другари од бендот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Така беше и со Луција: се плашеше од мене, а јас дознавав од нејзините другарки дека кај нив тајно се распрашува за мене и дека прашува од какво семејство сум, што работат моите и дали имам девојка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што всушност се случило? Во таа состојба на опиеност, во која ниту сум бил на небото, ниту на земјата, во мојот облак светлина (никогаш од тогаш не сум ја видел таа светлина, а копнеам по неа; ќе ја видам ли уште еднаш, макар и во некој друг живот?), сум дошол до Луција, и мислејќи дека фантазирам за себе и во себе, сум ја изговорил целата фантазија, во два гласа, машки и женски, пред неа и пред нејзините другарки, што предизвикало општа смеа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А Милка се гордееше со своето. Навистина нејзините другарки имаа многу лоши мачиња.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Така изгледаше колку и да се трудеше да биде весела.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И нејзе ѝ беше жал за нас двете, а можеби и за себе и за нејзините другарки, можеби и таа си имаше свои стравови поради разделбата и што знам јас што, но знаев дека не ѝ е лесно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Очите ѝ беа полни со солзи кога сфати дека пред неа стои нејзината другарка Елена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа во насмевката на нејзината другарка почувствува длабока тага.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, веднаш потоа, се израдува кога разбра дека нејзината другарка ќе дојде дома во време на викендот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во првиот момент ѝ се стори дека се почувствува незгодно, непријатно, што еве и нејзината другарка ја гледа меѓу овие болни.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И пак, на Елена ѝ се стори дека нешто ѝ се има случено на нејзината другарка, нешто што ја прави несреќна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Мамо, леле, мамо! Бате го нема никаде!“ - липаше таа, а нејзините другарки стоеја околу неа занемени.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ја научи нејзината другарка од шесто одделение Ирина.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тагувале и нејзините другарки од различни вери и националности.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)