нејзин (прид.) - име (имн.)

Среќко: Па пробај. Горам од желба да те бакнам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најмил мој, Еди, не знам дали е потребно да ти го кажам нејзиното име?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дики, мислам дека ќе го истетовирам нејзиното име на мојот Дики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кому му подаруваше најквалитетна јамајканска ганџа?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Македонија е едноставно нејзиното име кое го носи од пред стотици и стотици векови! Тоа е свето име! Библиско име!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Освен овие два збора, овие епитети, нејзиното име значеше и трпение, истрајност – упорност, долго – трајно постоење на неа самата, како тело а уште повеќе како личност. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Фала му на бога што Агна не знае дека низ нивните штрби усти го грвалат и нејзиното име.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
До пред неколку годнини нејзиното име можеше да се сретне во културните рубрики на националните весници, зашто таа активно концертираше, по правило во мали состави од по три до пет музичари, и се разбира на камерни концерти кои беа главно задоволувачки, некогаш и мошне добро посетувани.  Навистина, весниците никогаш не ѝ посветија поголем напис.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А под сликата стоеше нејзиното име: Periplaneta orientalis L. Ces repugnants insectes ne sont que trop com- muns dans les magasins, entrepots, boulangeries, brasseries, restaurants, dans la cale des navires, etc. почнува тој текст.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Слушај сега, му вели на Соколета, - „И застанав на песокот морски и видов ѕверка кај излегува од морето, која имаше седум глави, и рогови десет, и на роговите нејзини десет круни, а на главите нејзини имиња хулни...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога ти го споменуваат нејзиното име палиш свеќа. Кога не мислиш на неа воопшто не размислуваш.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Сојузничките влади воопшто не знаеле за постоењето на централна организација или за нејзиното име.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ме погледна со насмевка, отиде до лифтот и исчезна. 168 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Не стигнав ни да се исплашам, ми се чинеше дека тоа е некој филм кој, ете, случајно го гледам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го прашав Били: „Кој беше ова?“, и тој ми го кажа нејзиното име.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Политиката на цензурата во оваа замја отсекогаш ме фрлала во несвест - мислам, во секое време можеше да отидеш на 42. улица и да видиш кур и пичка и цицки и газ колку ти душа сака, а тогаш одеднаш, некој популарен филм беше, заради неколку разголени сцени, етикетиран како неморален.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ти пак одеднаш немаш време да се занимаваш со нејзиното име, дали повеќе ѝ одговара Горда или Мимоза, зашто ти го запира вниманието тоа што таа е очигледно суфлерка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со нејзиното име на усните, во мислите, заспа на највисокиот, Орелски Врв...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
(Земјата. Родот. Имињата на убијците на слободата. Но и на оние кои нѐ научија како да го пишуваме нејзиното име).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога влегуваше во училницата ја ваѓаше книгата а потоа трпеливо им читаше на децата За секоја педа на нивната татковина: За огнот на нејзиното име кој исцелува сѐ, за ветриштата што ја нишаат земјата пролети, за неопходноста постојано да се наслушува говорот на коските запретани во неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мајка му, држејќи го за раце него, Максима, и плачејќи го молеше Неби бег тој лично да им го предаде на делениците во Прилеп и да ги моли од нејзино име и од име на татко му лично тие да го испратат до манастирот Трескавец кај стрикото Ефимеј, игумен на манастирот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Осветли го патот кон слободата, земи или остави, е нејзиното име.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
На забавата приредена при отворањето на една изложба во галеријата Луј Каре во Париз, на 23 јуни 1963 година Дишан се сретнал со Жана Саре, жена со која бил во интимна врска пред 55 години и која позирала за една од фигурите во неговата слика „Грмушка“ од 1911; Дишан ја прашувал за минатото, а особено се интересирал за нејзината ќерка родена 1911.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа му кажала дека нејзиното име е Ивона и дека во согласност со желбите на својата мајка, станала сликарка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Марк без ‘о’ Стеван со ‘в’ со цртка меѓу нив, фала многу“, ќе речеше и јака ти душа ако некое си му го згрешил од готвење абер ни за жива глава, освен за печена кокошка и за парена брокула никако да потрефи што со што се носи и никогаш не ми бил особено убав но тој ми е првата права љубов и мој семеник мислител знаеше да ги толкува Кант, Декарт и Фанон на појадок или дремнат, да извади повеќе од пристоен нацрт на едночинка за нецели два часа и да се сети на секоја реплика што Џоан Крафорд ја кажала пред камера176 Целиот габарит на важноста на Крафорд може да се измери според нејзината положба во климаксот на низата и според тоа што нејзиното име зазема цел стих во строфата – по зборовите за „репликата“ заради дополнителна нагласка, во случај да ви избегало нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ме погали по глава, нешто рече на албански, стави рака на моето рамо и ме поведе пред масата каде во голем тефтер го запишаа моето име и нејзиното име, презиме и адресата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еден човек, кој носел во кофа вода од чешмата до еден гроб, веројатно, за да го измие, или да ги полее цвеќињата, него го прашала: - Простете, случајно да не сте чуле, да не е закопана тука во близина жена што загина во земјотресот, а работеше во банката, - и го кажала нејзиното име и презиме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Иако го прочитав нејзиното име и презиме на штичката, на која покажа татко ми, не можев мајка ми, нашата жива, секогаш насмеана добра мајка да ја поврзам со ова купче натрупана земја и со оваа грубо изделкана и испишана со црна боја штичка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И никој не можел да ⥊ рече не. Ѝ беше пријатно да размислува за Мерилин Монро додека помеѓу свирки се возеа во комбето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тогаш групата беше во својата последна инкарнација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имало балони и знаменца, забавни шапки, роденденски торти со чоколаден шлаг и нејзиното име напишано со неонска розе боја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бреда - тоа е нејзиното име, Бреда Друнхил, на самиот звук на нејзиното име се топев - Бреда беше поинаква.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Конечно, по две недели од патешествието во Рајнбек, таа ме повика во својот стан. На пијалок, рече.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вечера. Мирна вечер пред теве.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Макс и Добрата Душичка си се приближуваа онака како што си се приближуваат небото и земјата во некоја далечна точка – се соединуваат само за окото што гледа кон нив во хоризонтот, а дека за нив нема соединување, ама нема ни раздвојување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А Макс, велеа, Макс се обидувал да го дознае нејзиното име, но нејзиното име никој не го знаеше, откако беше дојдена во Гнездо таа беше Добрата Душичка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Лидија...“ се поднасмевна кога полугласно го промрморе нејзиното име...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Замислено гледаше во пејсажот, копнеејќи по некоја глетка - изненадување: змеј што блуе оган во низок лет над нивите, пуфкајќи чад и притоа испишувајќи го на небото нејзиното име, или автостопер вонземјанин, со антени и влажни стаклени очи што на чист македонски бара превоз до најблиската бензинска пумпа, не заради горивото туку затоа што му се пријале Квики-гриц.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Дури деветтиот пат гробот не ја исфрлил грешната принцеза.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Никогаш повеќе не го изговорил нејзиното име.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Идниот ден наутро го нашле телото на Струма надвор од гробот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Интересна жена. Попусто го спомнуваш нејзиното име. Таа не е болничарка, болнику мој.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја замислувам Виолета, каква е и со што заслужи пет минути страв додека ги ишприцал буквите од нејзиното име.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сè уште му се отворени очите, а во рацете, наместо бројаници, ги брои издлабените букви од нејзиното име на каменот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сите уредно здиплени, со нејзиното име и презиме, но без улица и број. Но, со оставено место за допишување на адресата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само тивко ќе ѝ шепнам дека сум мирна кога ќе се сетам на нејзиното име.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Му говорев за мојата мајка на која посветив еден цел роман, (објавен во циклусот во кој ќе се најде и романот Амбасади) со нејзиното име и презиме, која беше секогаш пред балканската историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаме само една Мајка и тоа засекогаш... Му ја искажав својата согласност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Подоцна, по апсењето на Крумета, обвинението беше проширено и нејзиното име се најде во групата што работеше со Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Направи неколку чекори кон бирото на Волнаровски и, надвиснувајќи се над него, со подбивна сериозност во гласот, му рече: „Нејзиното име го очекувам од вас!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој речиси ја игнорираше Џулија, очигледно сметајќи дека Винстон може да зборува и во нејзино име.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го кажуваше нејзиното име со повисок тон...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Веднаш го здогледа нејзиното име и презиме на корицата од папката. Ѝ ја подаде на Елена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа срипа кога го слушна поштарот како го кажува нејзиното име и презиме.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А и оној, другион, во кој јасно беше спомнато нејзиното име заедно со името на Вртанов?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Добро, јас лично неа не ја видов но зарем нејзиното име не беше спомнато повеќепати.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- А нејзиното име? Мислам на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина беше таква.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа секогаш сакаше и нејзиното име да шета низ загадочните приказни чиј што свршеток никогаш не беше доволно јасен, иако напати можеше да се наслути".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да цртате срца со стрелички и да ги впишувате во него моето и нејзиното име.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се слуша и се чита – само нејзиното име.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Без многу претерување може да се рече дека повеќемина Французи веруваат дека знаат доста за Македонија поради единствениот факт што една од нивните салати го носи нејзиното име, и оваа, македонска салата, великодушно ја пренесуваат преку нивните граници за да се прошири нејзиното значење дури до Јадранското и Црното Море.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нормално е медиумите да ја пренесуваат ексрлозивната ситуација во регионот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имаше и клупа на која ги врежав моето и нејзиното име, но повеќе ја нема.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Еден од партизаните кои јa водат колоната рече дека таа планина е Грамос и дека од неа сѐ до Јанина во Епир, сите планински венци го носат нејзиното име.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За ништо друго не се сеќавам освен за нејзиното име кое во превод значи: Убавата - Дуња.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Дали нејзиното име значи нешто? – го прашав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Огледало – рече Игбал – нејзиното име значи огледалце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури еднаш мајка му, не знам дали по грешка, ме нарече со нејзиното име.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)