нејзин (прид.) - кожа (имн.)

Мирисот на нејзината коса, вкусот на нејзините усни, допирот на нејзината кожа како да беа влегле во него или во воздухот околу него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ноќта: Песната. море. пладне Излегува девојче од морето Од сладоста на нејзината кожа Врне Дожд.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Таа навалува да ги олупи лушпите што го обиваат неговиот вистински лик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој сака да се вовре под нејзината кожа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Неговата крв беше врелост на зол вепар. Нејзината кожа прскаше од напнатост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја земаше како да ја краде од некого, поврело од порано, гласно и исклештено, оставајќи модри апежи врз нејзината кожа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Господе, господе, почна отец Иларион да шепоти и да ѝ се потргнува од рацете, но допирајќи го своето лице до нејзиното, и тој почувствува возбудливи трпки по снагата и почна да ѝ се припива со целото тело, да ја разгрнува мантијата, да се распетлува, и во мигот кога требаше со целото свое тело да ѝ ја почувствува врелината на нејзината кожа, кога ја заграби со рацете да ја впие во себе - таа исчезна како да беше дух или демон, му остана прегработ празен, а од прозорчето задопира грозен кикот, гракчење на гавран или на нечистиот, исмејувајќи го што го доведе до оваа бедна состојба, што вака го понизи и го огреши.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бојана имаше долга природна црвена коса, лице речиси мртовечки бело од пудра и во него всадени зелени очи кои светкаа како контраст на вештачкото мртвило на нејзината кожа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А тоа се случи и синоќа…
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина ќе треба да ја посетам, и тоа само уште еднаш, за да утврдам дали до крај ја имам исцрпено од себе си.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па и Стојна, (бидејќи е најблизу), и моето колебливо однесување; бев нели решил дека е крајно време сосема да ја заборавам, па сепак, при случајните пребарувања низ тој недорасчистен полигон на крвавите чувствени пресметки, каква што беше и онаа сношната, се случуваше неочекувано да истрча лично таа и тоа облечена во онаа нејзина кожа од далечната младост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Полжавчињата на неговото месо пуштале рокчиња на чии врвови можело да се почувствува и најмалото движење на жената.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Очите му се разлеале по белината на нејзината кожа на разбранетите гради.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Д-р Максимилијан Мертен задоволно ја брише устата со салвета по обилниот појадок, не брзајќи да се сретне со оној снисходлив Евреин што моментно раководи со солунската еврејска заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја сонуваше Гита среќна што го гледа, ги чувствуваше на скочанетото тело прегратките на децата, го сонуваше мирисот на чистата постела, мирисот на целерот од супата што му ја принесуваше Гита, мирисот на нејзината кожа, нејзиниот допир, нејзините нежни галежи...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ужива да се наводенува и капките што паѓаат врз нејзината кожа ги прогласува за божества.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Би било фино кога би раскинал дел од нејзината кожа, кога низ неговите нокти би протекла свежа крв, кога би ја удрил нејзината мека глава од креветот, истовремено нежно продирајќи низ нејзините бутини, врзувањето е неизбежно, фа, фа, обесени пупки, црвено. . .
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не ми се прима ни миризбата на нејзината женска пот, вели, на нејзината кожа, на нејзината плот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)