нејзин (прид.) - непријател (имн.)

Нејзините непријатели, ако воопшто имаше непријатели, немаа начин да се состанат, или дури и да се идентификуваат меѓу себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако таа пропаганда се восползува со сплеткарења против нејзините непријатели, тогаш интелигенцијата треба да му го објасни на народот недостојниот образ на работењето на таа пропаганда и да го повика самиот да си ги брани животните свои интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со други зборови, државата зафатена со занесот на Volksgeist-от веќе ништо не ја спречува; никаква етичка норма веќе не постои на нејзиниот пат: лишени од сопственото постоење, блокирани во својата совест, нејзините поданици не можат да побараат никакво право, а бидејќи нејзините непријатели не му припаѓаат на истиот вид, нема причини врз нив да се применат човечки правила.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Паца, очигледно, беше толку соживеана со својот шеф и неговата несреќна судбина што неговиот непријател беше исто толку емоционално и нејзин непријател.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И имаме право да бидеме нејзиниот непријател.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
-Ти и го овозможи тоа: ја спаси од единствениот нејзин непријател – сомнежот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)