нејзин (прид.) - облека (имн.)

А на Рада, токму таа боја ѝ беше најзастапена во нејзината облека.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некои од блиските дури дискретно им се потсмевале на нејзините облеки со егзотични бои и јазичните архаизми неразбирливи за нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Кога ги открив помеѓу нејзината облека розовите гаќички и свилениот црвен комбинезон што пред малку ти го пробував си реков зарем може да е грев ваквите убавини ако ѝ ги облечам место на Натето Дуково на Огнена што уште не сум имал среќа да ја допам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти бери умот таква глупост?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најнапред ја забележав белината на нејзината облека на фонот на темниот паметник со огромните бронзени фигури.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нејзината облека и чевлите, спакувани во картонски кутии, го натерала Милан да ги однесе во организацијата „Татковски галеб“ за годишниот добротворен прилог на црквата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Полека ѝ се доближува Дејан, толку многу што му ја чувствува кошулата која мириса на свеж босилек што и нејзината мајка го редеше во шкафот со нејзината облека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За миг беше чувство дека телот на Инес е толку етерично што би можел да го впие во своето тело така што на крајот да остане со нејзината облека во рацете.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)