нејзин (прид.) - показалец (имн.)

- Не го носиш прстенот? – се зачудив. - Дојди да видиш каде сум го ставила – рече таа одушевено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Доволно е да се спомене само неговото име!“ фрлаа искри зборовите на Огнена а нејзиниот показалец упорно покажуваше кон мојата насмевка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Само што јас не гледам никакви птици да летнуваат од твојата насмевка“ најсериозно ми се џареше таа во лицето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ти си презаситен од слобода?!“ ме праша или можеби ми кажа нешто, не знаев во тој миг што сакаше да ми каже, ниту знаев што јас да и речам додека го чувствував нејзиниот показалец како ми минува по средината на челото, бавно спуштајќи се по работ на носот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, кога се врати, веднаш забележав: на нејзиниот показалец повторно беше стариот нејзин прстен, а мојот го немаше на ниеден прст.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)