нејзин (прид.) - прашање (имн.)

Изгледа до него втасало само едно делче од нејзиното прашање?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кутриот, не ја беше сфатил иронијата во нејзиното прашање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога го постави прашањето, таа ги сврте очите во татка си и тој го прочита нејзиното прашање: Што велиш, да се потурчам да не те погуби кадијата?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Веднаш ли ќе отпатуваш?“ Го чу нејзиното прашање оддалеку.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Се разбира, - ѝ одговорив зачудено од нејзиното прашање.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ноќе знаеше да ме разбуди и да ме вознемири со нејзиното прашање: „Радо, јел’ капе ово моје“?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)