нејзин (прид.) - радост (имн.)

Откако се насити со свежа салата, беше со љубов чуван и гален, неговото почетно напредување ветуваше, па со надеж си реков себеси дека пред борот во дворот да ја премине висината на покривот, Освалдовите сребренести рогови ќе се најдат во видното поле на Маргарета за да ѝ ја пренесат мојата љубезна порака; во меѓувреме, одовде среќно би можел да ја замислувам нејзината радост кога ќе го здогледа, мавтањето на плетенките и рацете.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ја воспоставуваа таа врска меѓу мајка им и Богдан зашто него повеќе го сакаа и гледаа дека по секоја средба со него, мајка им сè поведра и повесела станува и таа нејзина радост тие ја споделуваа со себе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пелагија открива дека ѝ е мило што не останува сосема сама во селото, дека овие луѓе околу неа, тешки од болка и достага, се всушност нејзина радост.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)