нејзин (прид.) - расположение (имн.)

Требаше да се бара друга среќа, кај друг издавач.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ликот на нејзината душа ѝ се одразуваше во очите, во кои ние децата јасно го читавме нејзиното расположение.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се обидував да го задржам нејзиното внимание, да ја проверувам, понекогаш и несвесно, нејзината волја, нејзиното расположение да ја продолжи преписката како во првата година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Прашањето дали ќе му го даде Рожденката не ги плашеше, оти веќе Тода го знаеше нејзиното расположение одамна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)