нејзин (прид.) - свест (имн.)

Кога Татко изоде неколку чекори по уличната калдрма, додека познатите топоти од неговите чекори сѐ уште одекнуваа во нејзината свест, како тивка фуга на заминувањето во кое беше содржан и звукот на среќното враќање, Мајка истури ѓум со вода, зад Татковите чекори.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но тоа што не можеше и што не му беше никому нужно да го види и знае - во неа, во нејзината свест се запечати како единствен белег, како единственото нешто што можеше и требаше да се види и знае за лустерот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа сигурно во својата меморија ја задржуваше повеста за времето на козите и прашањето за нејзината автентичност, но ја задржуваше и за други времиња, небаре да ферментира во нејзината свест и да ми ја изложи неочекувано во друга пригода и со сосем подруг контекст од очекуваниот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Градот, во нејзината свест, се облику­вал во некаква источна бајка која беше речиси скриена во длабочините на нејзината душа...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Без каталогот, ние се сеќававме на неговите шарени слики, а Мајка успеваше да ни го дополни сеќавањето зашто тој не престануваше да се прелистува во нејзината свест.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во времето кога луѓето сѐ уште верувале дека земјата е рамна како плоча, во времето кога тие трепереле при помислата на Страшниот Суд, се плашеле од пеколот и му се надевале на рајот, во секој од градовите било вообичаено одвреме навреме лудите да бидат заробени во кафези и да бидат однесени на плоштадот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сликите во квадратот на прозорецот замрсено се одразуваа во нејзината свест.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во оној миг кога лагата ќе допреше до нејзината свест, Криста само климнуваше со главата, замолкнуваше, и животот продолжуваше. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)