нејзин (прид.) - човек (имн.)

Таа знаеше какво бреме носеше нејзиниот човек.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, нејзиниот човек едноставно го немаше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзиниот човек. Го помисли тоа лесно, без срам, прививајќи се до внучката, која, топло стуткана под ќебето, мирно ја преспиваше оваа тмурна, леплива септемвриска приквечерина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не е уверена дека старичката не сфатила што се има случено таму, на север, во рамната земја, туку таа, веројатно, сака да има една лажовна искра, една студена надеж, како секогаш, дека нејзиниот човек ќе допруса до неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа беше за неа знак дека нејзиниот човек е пред пресудно решение.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)