нејзин (прид.) - вистински (прид.)

Таа утопија, таа нигдина, тоа од онаа страна на местото и моментот - ја претставува нејзината вистинска задача: вредни се само делата што не можат во целост да се протолкуваат со одговорите на прашањата „каде“ и „што“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По тажаленките, Мајка небаре се закопуваше во својата тишина, го допираше нејзиното вистинско дно, пренесувајќи ја во некои мистични предели на душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Човековата смрт е многу чудна работа. Кога бев дете, често размислував за нејзината вистинска смисла. Ми изгледаше застрашувачка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нејзината вистинска, необјавена цел беше да го отстрани целото задоволство од сексуалниот чин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Елен Лејбовиц, претпоставував дека можела да биде професор по француска книжевност според суптилните и задлабочени анализи на моите книги, но јас никогаш не ја дознав нејзината вистинска професија, како и многу други податоци од нејзиниот живот, почитувајќи ја нејзината желба за строга анонимност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Понекогаш ѝ завидував на Ели, што дури ако татко ми се реши на најстрашното за мене, Ели можеби ќе може да поверува дека таа друга жена е нејзина вистинска мајка, која подолго не била тука.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)