нејзин (прид.) - длабок (прид.)

Никако не можеше да заспие откако тој ќе почнеше да грчи, додека неговото грчење не му пречеше на нејзиниот длабок сон.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пред нејзините длабоки очи секогаш се случуваше нешто тихо, одвај забележливо, но големо, неопфатно: сонцето си го врвеше својот пат, тревите зеленеја, растеа и се сушеа, ветровите се менуваа и ги бркаа облаците еднаш на едната, еднаш на другата страна од небото...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој редовно ќе нѐ прашаше дали сакаме клакер или лимонада, а откако Рашела ќе ме погледнеше право в очи и ќе одговореше одречно од името на двајцата, тој ќе ја ставеше својата крупна рака на нејзината глава, ќе ја погалеше по густата сјајна коса, нежно ќе ја лизнеше раката по образот на ќерка си и ќе останеше така, со блага насмевка на лицето, загледан со своите, во тажниот одраз на нејзините длабоки, интелигентни очи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мајка, со нејзиниот својствен ритам, со интервалите на нејзината длабока тишина, започна да ги споменува, по ред, сите на кои се сеќаваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пред нејзините длабоки очи секогаш се случуваше нешто тихо, одвај забележливо, но големо, неопфатно: сонцето си го врвеше својот пат, тревите зеленеја, растеа и се сушеа, ветровите се менуваа и ги бркаа облаците еднаш на едната, еднаш на другата страна од небото...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)