нејзин (прид.) - добар (прид.)

Трајанка сега си спомни за сето тоа и затоа и таа почна да плаче како и секогаш кога мајка ѝ ќе седнеше крај ковчегот и со зетовските чорапи во кои беше парата ќе почнеше да ѝ раскажува за нејзиниот добар татко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сонував за еден малечок, проклет да бидам, колку едно око малечок отвор на ѕидот од каде што ќе можам да ја гледам водата да го слушам нејзиниот добар глас.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Или, ако треба, и да ја вразуми.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Така ќе му рече и потоа ќе го збрише, ќе го земе во нејзините добри, светли прегратки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А ако не чинеше толку многу она што го прави зар ќе молчеше нејзиниот добар анѓел, зар немаше и лично да се заземе и да ја посоветува дека не чини да се однесува така.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Без никакви формалности, обраќајќи им се на Даниел и на неговиот брат, кои го ѕидаа внатрешниот ѕид, таа директно ги замоли да ѝ ги заѕидаат нејзините добри мисли во тулите на таа куќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Овој се поразмрда, постенка пак, пушти една длабока воздишка и проговори: – Што стана ова со нас, бре ќерки? – Гајрет, кади баба, гајрет – почна да го теши Ајша, задоволна што остана жив нејзиниот добар кадија. IX дел ОД ПУСТОШЕЊЕТО на Чаништа и одведувањето на Анѓа се потресоа селаните и решија да се бранат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)