нејзин (прид.) - иден (прид.)

Уште од првиот ден кога ја виде како влегува во нејзиниот дом во неа виде целосна спротивност од она како треба да изгледа нејзината идна снаа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во исто време, многу јасно се наметнуваше одговорот за нејзината идна професија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пролетното сонце беше топло и тоа ја натера девојката да остане таму и да гледа како двајцата браќа работат на ѕидот од нејзината идна куќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Додека ги читав расказите на Марта, сфатив дека на нејзината идна книга не ѝ требаат такви „вообичаени“ рецензии.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)