нејзин (прид.) - малечок (прид.)

О, господе, главчето ѝ летнало горе, ако се сопне, ништо не ќе остане од нејзиното малечко, шилесто носе, чпртесто, слатко врапчешко носенце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Никогаш веќе не сакам двапати да ти кажам нешто“, рече човекот со лузната со сосема смирен глас, кој воопшто не соодветствуваше на она што пред малку се случи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За нејзиниот малечок син. Дали требаше да го роди? Можеби избрза?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Брадавиците на нејзините малечки гради се покажаа под маицата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За Марија беше интересно што нејзиниот малечок Карл многу брзо се прилагоди на новите лица и на новиот начин на живот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Била останата тука целата таа, а крај неа било останато и нејзиното малечко, рунтаво мече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)