нејзин (прид.) - мек (прид.)

- Немој Веданче, немој мило, - ме прекори Тета со тој нејзин мек и пријатен глас кој, иако не наредува, не може да не се послуша.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Веруваме дека нејзините меки крилја може ќе нè пресретнат во скришните одаи на лавиринтите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ја фатив за рамениците, ѝ ја подигнав главата и ја натерав да ме погледне в очи. „Чист сум, верувај ми.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Низ нејзините меки звуци сакав да го довикам барем за малку одминатото драго лето.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
“Но Бреда, реков допирајќи ја за да ја смирам и патем милувајќи ги нејзините меки, со пластика пресвлечени гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Зарем не ми веруваш? Немаш доверба во мене? Зарем не... зар не ме сакаш?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се сети на нејзините меки усни натечени и солени од солзи и почувствува дека крикот што расте во него ќе го разбие однатре... ...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)