нејзин (прид.) - млад (прид.)

Не, не копнее таа за никого меѓу овие што се полегнати на сите страни по ситиот ручек, само тој и таа одат во овој час и нешто бараат, тој неа, а таа некаков нејасен лик што ја тревожи нејзината млада душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На крајот од филмот, Марсиа умира на клупата во паркот, додека од неа излегува нејзиниот млад дух, кој се среќава со духот на Пол и тие заедно под рака насмеани продолжуваат да одат под расцутениот дрворед од кој паѓа дожд од цветни ливчиња додека во позадина свири „Мила, мила, мила, дали ќе ме сакаш некогаш?... до последната животна пепел, ќе се сеќавам на оваа пролет, ова време на љубовта, на овој мајски ден..“ полека исчезнувајќи во далечината...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Неочекувано, со чемерна шегобијност но зајакната со калапот на привидната осаменост, го прашала ја сака ли за жена и дали не ќе зажали што не се вратил во своето село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сета крв на заодот била собрана на нејзините млади усни за чија целивка и ѓаволот куц можел да се откаже од горештината на пеколот и да се пеплоса до врвот на опашот доколку таа би го зела в прегратки. Се потпирала со дланки на колковите и се нишала на нозе гледајќи го со накривена глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги става очилата со тенка позлатена рамка и посебно се задржува на два кратки новински портрета, едниот проследен со цртеж на нејзиниот млад лик и другиот со нејзина поскорешна фотографија на која позира, благо насмевната, со флејтата во рацете; две содржини што ги чува како посебно значајни во албумот, кој инаку, постојано стои во салонот, како декор за масата, но и како тивка покана за посетителите на овој салон да ги свртат неговите страници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Анѓа веќе по стотипат ги слушаше овие соблазнителни и заплашувачки зборови, но тие се одбиваа како од тврда стена од нејзината млада душа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Ах! Кутри мои нозе, рекла таа, вие веќе нема да ме носите на врвот на ридот, на своето драго тело да му понудам што поубав поглед.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Арно ама, вчас занемела, кога видела дека нејзиниот млад господар, испружен крај патот, не мрда ни со клепките, и дека сурата коса му е окашкана со крв и со мозок.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)