нејзин (прид.) - најдобар (прид.)

Одеднаш, во еуфоријата што нѐ обзеде пред девојчињата (цело време погледнував дали е тука Луција, но неа ја немаше; утеха ми беше што тука беше нејзината најдобра другарка и јас претпоставив дека таа бездруго ќе ѝ пренесе што видела), додека Земанек лудуваше на мотоциклот, крај оградата на патеката видов скала: обична скала со која се берат јаболка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И кажа нејзината најдобра пријателка, и тоа на големиот одмор, кога таа ѝ се довери за нејзината симпатија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сигурен сум дека знаеше, оти нејзините најдобри другарки доаѓаа да нѐ гледаат, а таа не.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Откако заврши состанокот на кој Николина Кралева се обиде да ме оцрни, нејзината неразделна другарка Соња Пазарџиева ме уверуваше речиси час и половина дека погрешо сум го протолкувал настапот на нејзината најдобра другарка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нина го сакаше зашто чувствуваше дека се обидува трите деца да не ги закине за ведрите страни на детството и младоста, машките толерирајќи ги во палавостите, но и во ноќните мокрења што му се вратија на помалото братче кое и самиот трпеливо го преслекуваше шегувајќи се и терајќи го уплашеното дете на смеење, додека неа ја поттикнуваше на дружење со генерацијата, на излети со сокласниците, давајќи ѝ, секогаш кога ќе посакаше, пари за посета на приредби и претстави, дури молкум, правејќи се дека не разбира, и за матинеата што спорадично се случуваа, а на кои секогаш ја наговараше нејзината најдобра другарка Ребека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
— Рожденката се затаи да го слушне нивниот суд, судот на двете нејзини најдобри другачки. — Ќе го тепаат?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)