нејзин (прид.) - основен (прид.)

Ќе го маскираш нејзиниот основен мирис со убав парфем...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Тој под знак прашање го става нејзиниот основен идеал на „присутност”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Песната, во нејзиното основно битие, е - завет, но ниеден завет нема сила сè до смртта на оној кој заветува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Барем таков е мојот опит: текот на мислата и на идејата се пресоздаваат во еден дотогаш незнаен ритам, а ритамот, насетуваше Ајнштајн, е некоја заскитана цифра на семирот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Неговата критика е насочена против тн. компјутационално тврдење на когнитивната наука, против нејзината основна претпоставка дека мозокот е компјутер и дека менталните процеси се ком­пјутационални.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Најмногу изгледи за успех би имала стратегијата која во голема мера би се потпрела на холандското и шведското искуство. Наспроти впечатокот кој погрешно би можел да се стекне, Холанѓаните не ги легализираа јаките дроги; тие практично ја комбинираат фактичката декриминализацијата на марихуаната со строгата примена на законот против трговија со јаки дроги.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа стратегија Швеѓаните ја нарекуваат „стратегија на солидарност“. Нејзин основен принцип е спроведување социјална политика која сите граѓани ги вклучува во општествениот и економскиот живот - посебно младите, за да не подлегнат на фрустрациите и на чувството на отуѓеност - со што се намалува и потребата за дрога. 74
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги прогласивте неговите творци за обични крадци на рели­гијата, на нејзините основни пораки.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кон нив биле приклучени и неколку богати македонски трговци, но тоа не го менува фактот дека главни носители на егзархиската политика во Македонија, против која се борела македонската интелигенција, биле познати интелектуалци дојдени од Бугарија и дека тие станале главни идејни носители и организатори на борбата против историски определената самостојна дејност на Револуционерната организација, т.е. против нејзиното основно програмско барање - по револуционерен пат да извојува политичка автономија за Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислам дека уште во тој момент, додека го образложував овој дел од мојот исказ, знаев дека ќе бидам погрешно сфатен; дека моите соборци ќе помислат дека се обидувам на нашата борба да ѝ одземам некои од нејзините основни вредности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го ставав, значи, пред нивните очи под сомнение нашето авторство на идеалите за кои се боревме, што секидневно ги проповедавме во настапите пред несреќните граѓани повикувајќи ги да соработуваат со нас и да ни се придружат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако најголемиот број корисници на оваа порака не го сфаќаат нејзиното основно значење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби предвоениот доктор во извесна смисла имаше и право: ако не си признаваше во себе дека тоа му е еден вид одмазда што го послушал да студира медицина, на Миха психијатријата сепак му беше на некој начин бегство од неа (небаре зазор од ѕвекот на коските кај анимираниот костур) или барем дистанцирање од нејзините основни и директни дисциплини.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да се потсетиме само на неговата приказна „Среќко од Роринг Кемп“ па ќе видиме како нејзините основни текови се извонредно блиски до раскажувањето на Чинго.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)