нејзин (прид.) - природен (прид.)

Наместо тоа, тие се валоризираа како одрази на самата здрава, ослободена гејност, како универзални вистини за хомосексуалноста и знаци на нејзината природна, неискривена пројава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пораснатите темни корени околу патецот ја откриваа нејзината природна боја – темнокафена.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој го чувствува фактот дека максималната валентност на соответна содржина може да се постигне само и доколку таа содржина се вгради во нејзината природна метричка и акустичка структура, доколку ја зголеми нејзината тензија со ефектите на обртот и непредвидливоста, и дека носечка суштина на јазикот на поезијата е неговата рефлексивност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Уште повеќе, тоа би ја изолирало грчка Тракија од другиот дел на Грција и може да ги стимулира бугарските, македонските и можеби турските претензии кон таа провинција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нејзината љубов, нејзината грижа кон секое од нејзината чеда, се одложуваше, односно се одолго­влекуваше, во зависност од нејзината природна процена, колку му беше потребна на секое од своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таква држава не може да егзистира без нејзиниот природен главен град Солун; и Грција нема доброволно да го отстапи тој голем грчки град, а ниту Македонските Грци би прифатиле да бидат одделени од Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Возбудата поаѓа од окото – чудесното постои во стварноста и се вклопува во нејзиниот природен тек.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Крупните сини очи ѝ беа невешто исцртани со зелени линии, а светлоцрвениот кармин се беше излижал од средината на нејзините полни усни, обрабувајќи ги со една разлеана линија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)