нејзин (прид.) - ситен (прид.)

На масата немаше ништо, никаков остаток од појадок или филџан од испиен чај, масата беше без ронка или дамка по излитената мушама, дури и без грлестата вазничка со некое од нејзиното ситно цвеќе во дворот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бојан дури си го замислуваше и нејзиното замавнување со глава, како што прават многу девојчиња со долга коса, да ја отфрлат косата од лицето, ја замислуваше и нејзината ситна, нежна рака како повремено ја турка косата од очите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пена, наспроти нејзината ситна појава, беше пргава и брборлива.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Мислев дека ќе се вразумиш, но ти си веќе луда”, ѝ велеше Стево Трајчов на Цвета, поднаместувајќи си го задникот на фотелјата нанапред за да ѝ го даде тоа што таа го очекуваше, клекната на коленици со широко вперени очи во него, со очи поголеми од нејзиното ситно, пегаво лице испупчено напред во чпрто носе и со танки развлечени усни од кои по страните секогаш, додека му зборуваше, се подаваа облачиња со кисел вкус.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За среќа, тоа не се забележуваше освен што на големата ќерка не ѝ бегаа светулките што се запалуваа во нејзините ситни очиња.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)