нејзин (прид.) - сладок (прид.)

Следниот момент ќе се испретури таа чаша на идеална послушност и ќе се разлее сета вистина за состојките на нејзиниот сладок сок.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Продолжи да доаѓа кај Анѓа, не да ја наговорува да се потурчи, ами да ги слуша нејзините слатки зборови за она што се разбуди кај неа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пела не го изговори следното прашање веднаш, туку многу подоцна, пред да се преселат кај мајка Перса, и, од нејзиното слатко усте кое кога ги пропушташе зборовите од десната страна создаваа едно мило дупче, не го изговори ни како прашање, туку како чудење Зар има поубава од тебе, мамичке?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја мразеше затоа што беше млада и згодна и несексуална, затоа што тој сакаше да појде со неа в постела а никогаш нема да го стори тоа, затоа што околу нејзината слатка тенка половина, која како да те повикува да ја опфатиш со рака, се наоѓаше само оној одвратен црвен појас, тој агресивен симбол на невиност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)