нејзин (прид.) - стегнат (прид.)

Деница од под фотографиите на девојките, а тие беа седум (ги изброја внимателно, редејќи ги една врз друга, додека Илона полека, како едвај чуен одглас на развлеченото Д-е-н-и-ц-а-п-и-ц-а, си ја прибра раката од нејзините стегнати бутови) извлече една фотографија на маж, за двете добро познат лик: тмурест, тркалобразен мустаклија, Грк со мароканско потекло по име Ниротакис, на што Илона ги собра прстите во тупаница и ја накрена подлактицата нагоре, извикувајќи: „Ооо…, охо, хо… нааа…“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во нејзината стегната дланка, чудно подвиткана под левата града, му се пристори дека нешто се крие.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)