нивен (прид.) - благослов (имн.)

Ете, во нашево државиче, нема фестивал што е почнал без нивен благослов и покрај тоа што текстовите за нивното отворање им се копија на оние што некои ги напишале пред десет-дваесет и повеќе години, па фестивалот што има триесетгодишна традиција, го спаструваат во бебешки пелени, односно му врзуваат пионерска шамија околу вратот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А дедото додаде: „И волкот сит и овците на број“, што на него му значеше дека ќерка му раат ќе си лежи на патологија, а мажиштево од зет, ете, со нивниот благослов и пари ќе може да си ја задоволи страста.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)