нивен (прид.) - движење (имн.)

Тоа нивно движење го имал забележано директорот на Банката, но не обрнувал внимание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Лицата сѐ уште им остануваа бледи, а во секое нивно движење стоеше подлипнатоста и вчудоневиденоста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нивните движења немаа ни ред ни крај, се повторува и пак беа секогаш поинакви, еднаш остри и аглести, другпат меки, бавни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќето беа сити. Се местеа околу огнот да заспијат и се менеа при светлоста на запалените трупци и распарчени стебла, беа и луѓе и призраци, стенкаа, се чешаа, ги сврбеше кожата и ги болеа коските под кожата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нивното движење беше нивни живот без страв од бегови и од чуми, и затоа уште позагатлив во својата величественост. На патот се исушив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак ги броев орлите. Беа веќе тринаесет и не се спуштаа кон нас, не се наголемуваа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)