нивен (прид.) - дејност (имн.)

Нивната дејност не подлежи на критика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А во своето сведочење овој сведок изјави дека работниците работеле „на своја рака“, неприсилувани и без наредби од никого и дека тој не им бил претпоставен на Јакшиќ и неговиот колега!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Незадоволен во целост од пресудата, оштетениот Јакшиќ, во април 2010, поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје поради суштествени повреди на одредбите на постапката, нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право – во којашто, меѓу другото, наведе дека: Недозволиво е суд да размислува со логиката на пазарни субјекти кои направиле пропусти во вршењето на нивната дејност и кои, за да заштедат и да остварат што е можно поголем профит, го изложуваат на ризик здравјето и животот на своите работници [кои, патем 200 речено, работат „на црно“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Шатев успеал да му каже дека, иако Мерџановата група е уапсена, полицијата ништо не знае за нивната дејност, дека каналот (“невестата“) не е откриен и дека сите се добри62.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа е мошне тешко да се пишува за нивната дејност, за нивната борба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој нивни опуртунизам доаѓал до израз насекаде во нивната дејност.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По одржаниот Конгрес, во наредните месеци, словенските ор-ганизации и друштва развиле жива активност низ цела Америка, со цел да ги доближат сите Американци од словенско потекло кон Американскиот словенски комитет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Првиот Сесловенски конгрес во САД ја постигнал својата пос-тавена цел, зацврстување и продлабочување на единството на сите демократски сили на Американците од словенско потекло и коор-динирање на нивната дејност со демократските и прогресивните сили од другите национални групи и професионални сојузни друштва.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Престојот во Моравија долг околу три и пол години за Константин и за брат му Методиј се претвора во победа над мислењето за тројазичноста на Богослужбата, со воведување на словенски јазик во Црквата и со постојани спорови со месниот клер, кој неуморно ги попречува браќата во нивната дејност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веќе поучен од претходните искуства - например, од успешната Хазарска мисија, Константин темелно се подготвува и за оваа, ја создава првата словенска азбука според постоечката грчка, преведува неопходни богослужбени книги и заминува во Моравија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имено, тие ги побиваат аргументите на противничката група со следното: 1.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најстариот досега пронајден споменик не мора да значи дека тој навистина е најстар, уште повеќе што до нас не е допрен ниеден изворен ракопис на Константин или Методиј, а се знае дека нивната дејност како преведувачи на богослужбени книги е мошне обемна. 2.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најмногу ме интересираше поведението на црните луѓе зад кое треба да се крие суштината на нивната дејност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)