нивен (прид.) - круг (имн.)

Во нивниот круг е Костурското поле, Костур и Костурското Езеро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие луѓе од циркусот навистина го доживуваа светот надвор од нивниот круг, околу нивната одбранбена територија како опасен и чуден; сум читал дека сите животни имаат таква одбранбена зона, и дека таа се движи од неколку милиметри кај мравката до три метри кај лавот; тоа дресерите на лавовите добро го знаеја, и должината на нивниот бич беше токму толкава колку што изнесуваше „забранетата зона“ за влегување во просторот на животното.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)