нивен (прид.) - место (имн.)

Србендовци си кинисаа еден есенен ден преку Козјак и Кравица и се изгубија негде долу во Мегленијата, а со нив се изгуби и војводата Јован Ѓуров. На нивно место се довлечкаа „братја б'лгари".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Класично-модернистичките максими на изразот го губат значењето, а на нивно место доаѓаат стратегиите на контраст, пронаоѓање и парадокси.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Опасноста што го загрозува нашиот народ и неговите интереси од страна на пропагандите, коишто ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да го исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите духовни интереси и да ги насадат на нивно место нивните јазици со нивните духовни интереси не само што нѐ задолжува нас, но и ни дава полно право да ги употребиме сите и дозволени и недозволени средства за да го зачуваме нашиот народен јазик и со него нашите народни интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А заедно со изместувањето на пропагандските јазици и со создавањето наш литературен јазик се изместуваат од Македонија и интересите на балканските државички и нивното место ќе го заземат создадените со јазикот македонски интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А на нимните места ќе и клајме кадрата на нашче мили и драги руководители: Захаријади, Сталин, Тито, Димитров и на сите други шо се водачи на меѓународнио пролетаријат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа се типови луѓе кои најчесто се вработени во институциите кај овие првиве, а нивната главна особина е длабоко да пенетрираат кај нивните претпоставени задници со што ќе успеат да се одржат на позицијата во која се дочепале и притоа да не дозволат на конкуренцијата да им го заземе нивното место, а најчесто служејќи се со своите вешти кодошко-лакташки особини секогаш ставајќи му сопка на соперникот и увек гласајќи за партијата која ги убутала на тоа работно место.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Диви ѕверови гонат невини души и диви ѕверови сега ја растргнуваат мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Црн сјај во зениците, а на нивно место црни дупки, длабоки понори, бездни и степи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ноќта врвеше натаму, а јас седнат на масата зад машината за пишување, сеќавав како само нејасни мисли ми врват низ главата, како парки магла кои се тегнат по долината над малото езеро под Лерна и потоа исчезнуваат, и на нивно место доаѓаат нови, сѐ додека дувне ветрот и не ги истера од грлото на котлината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ваквите акции ги предводеле Јордан Хаџи Константинов Џинот, браќата Миладинови, Прличев, Димитар Беровски и др. личности, но масовни акции презел и народот во Охрид, Прилеп, Крушево.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Имено, фанариотите (грчки владици, попови и учители) отворено биле бркани од народот и на нивно место биле избирани македонски.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На нивно место остануваше само болна глазура на страв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе го земам вашиот свет, ќе ги испразнам водите, ќе ги ставам планините на нивно место, Еверест во Пацифик, ќе го стуткам заедно со сета флора, фауна, народи и народности и ќе го отфрлам меѓу два прста како мрсул.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Да сум на нивно место, по сто сладоледи на ден ќе јадам, Снеже секој ден ќе ја водам в слаткарница и во Луна-парк, а на Бреза ќе ѝ купувам колку што сака мастики- цигари за да ги „пуши“ кога си игра мајка и деца со куклите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
6. Преградените простории во бараките, некогаш што биле спални, сега беа претворени во ателјеа; со тоа што дрвените легла на катови беа извадени, а на нивно место се отвори простор за долгата тезга со алат, за грнчарско колце на ножен погон и за купот глина во аголот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уште паметам јас како ми било мене кога сум бил на нивно место, но во сосема други околности Сепак, се вратија омацурени.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На нивно место и во дел од некогашниот двор се извишува десеткатница во изградба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На нивно место нѐ сместија нас, борците против англо-американскиот империјализам, борците за слобода и демократија сместени во бараки за јапонските заробеници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На нивно место изградени се нови станбени висококатници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)