нивен (прид.) - право (имн.)

Реалист по природа, по сите негови согледувања и анализи, Еванс можел сосема слободно да заклучи дека и покрај желбата за обединување на Македонците во една независна и самостојна Македонија, што и тој им го посакувал да го остварат како нивно право, Македонија како таква „не може да егзистира“ и дека е тоа „непожелно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од гледна точка на работниците и нивните права, одредбите на ЗПЗСО не можат да се оценат како поволни поради следните причини.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Прагмата морала да не му даде простор на правото на Македонците за нивно обединување, пред сѐ затоа што на Еванс му биле познати ставовите на Грците спрема Македонците во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пленувањето на децата во Прилеп, како и зулумите во Чаништа и Лисиче ги огорчи сите слободољубиви Мариовци и во еден од летните дни на идната 1549 година се собраа во малото селце Сатока: земскиот кмет, кефалиите од сите села, поповите и други повидни луѓе и еднодушно го прифатија предлогот на поп Јакова: да се бранат од силниците, потпирајќи се на ферманот и бераатите од старите султани дадени на султанијата Мара, во кои пишуваше дека тој хаспосед Мариово нејзе и е отстапено и дека таа ги ослободила овие села од секакви давачки, та сега ова што го прави прилепскиот кадија е газење на тие стари закони и нивни права.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)