нивен (прид.) - пријател (имн.)

Им ги одзедовме имотите, дуќаните, немаат ништо, освен злобниот дух, па разбирливо, нивни пријатели станаа козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден голем орден со брилијанти на владиката Натанаил и еден брилијантен прстен на Герџиковата мајка им биле дигнати и дадени на нивниот пријател Јордан Бошков, емигрант од Велес, за да ги продаде.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бев на гости кај едни наши работници во Париз, а кај нив беше и една нивна пријателка од Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вие како да станавте нивни пријател, одамнешен познајник.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Кажете ми, пилиња не пораснати , зошто завивте гнездо на престарена гранка?“ им се обрати при првата посета нивниот пријател, архитектот Божинов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На станицата беше преполно патници и нивни пријатели, што ги испраќаа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со средната сестра, зетот и некои други нивни пријатели, се најдов таму, некаде околу полноќ.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Многумина геј- мажи, а и низа нивни пријатели и непријатели, одамна насетиле дека она по што геј- мажите се разликуваат од останатиот свет е нешто што далеку ги надминува сексуалните склоности и практики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)