нивен (прид.) - разговор (имн.)

Радо се одѕваа на тој знак, бидејќи им јавуваше дека се веќе варени компирите што дедо Иван редовно ги сервираше и над кои течеше нивниот разговор често и до доцна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Всушност, него го интересира да го чуе нивниот разговор и да види како ќе ја примат изложбава, поготово ако е и девојчето навистина учесник во неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Не сулејсен сен, бе Сефедин? ), — но како што знаеме од понапрешниот нивни разговор Сефедин беше согласен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, мудур ефенди, овој работа можел ли со пари да се плати?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се сети за нивниот разговор, првата вечер во барот, кога таа толку силно го расчувствува со својата исповед. ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И не измина ни еден час од нивниот разговор и Тозлун-бег не беше уште, така да се каже, ни тргнал со војските, а пашата испрати телеграма во Битола до главниот командант во Македонија, Назар-паша, во која му јавуваше како “во овој момент“ тој, Бахтијар-паша, влегол во Крушево.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега можеше да се следат и фрагменти од нивниот разговор.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Знам дека разговараат за погребот иако ниту збор не втасува до мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А Даскалов и Боге од Бањи чекорат зад колата, но нивниот разговор е сосема тих. Тих но многу сериозен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овие две жени зборат германски што му е совршено блиско на Фјодор, но неговиот пријател сликар не разбира ни збор од нивниот разговор и затоа скромно седи во најтемниот агол од просторијата и пуши.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Задниците на овие две жени беа тврди и обли, што е една навистина пријатна одлика за билокоја жена помеѓу 14 и 50 години.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Влечејќи ги нозете по нерамната калдрма Петар тивко ги поздравуваше и со накривена глава го слушаше нивниот разговор.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не смеев да се мрднам под чаршафот за да не ги повредам попарените гради и размислував за нивниот разговор.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стокмени во облеки и врски, избричени до гола кожа по главите за да ја прикријат својата ќелавост, седеа две момчиња веднаш до масата на Еразмо, толку блиску што нивниот разговор можеше беспрекорно да го чуе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во тој миг му беа далечни најмногу со тоа што не се покриваа и не замолкнуваа, кога тој нивни разговор беше сиот изрешетан од она.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На почетокот беше во тек со нивниот разговор, подоцна умот ѝ одлета некаде кон ѕвездите, таму некаде горе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако Фаик Коница влезе во нивниот разговор, и Татко и Камилски поверуваа дека тој долго ќе остане во него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гестовите со кои беше гарниран нивниот разговор оставаше впечаток на неспокојство.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Музиката одеше доволно тивко за да не мора да се дерат еден на друг додека разговараат со Дарко, а сепак доволно гласно за друштвото до нив да не може да го наслушнува нивниот разговор.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Очигледно беше дека го слушнаа нивниот разговор и дека не им се допаѓаат нивните заебанции на сметка на Владимировски.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога се состанаа во камбанаријата, празнините од нивниот разговор на рати беа пополнети. Беше врело попладне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одеднаш нивниот разговор престана, бидејќи во тој момент поминуваше погребната поворка, а потоа се слушнаа истрели од митралез.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Едо се најде вџашен од нивниот разговор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие наскоро го довршија своето молчење, платија, си ги собраа кутиите со цигари и запалките и заминаа со веднати глави, очигледно незадоволни од исходот на нивниот разговор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Командантите и нивните разговори се една работа. Но твоите размислувања и реакција во врска со мојата изјава дека имам намера да ги пријавам, е нешто сосема друго.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дека пренесувањето на нивниот разговор кај задолжените за сигурноста на земјата не ќе претставува никаква новина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мајка ми глас не пушти. Само, скришум од дедо и од тате, секогаш кога нивниот разговор не ѝ се допаѓаше и ја плашеше, таа ќе се прекрстеше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се занесов во мислите и веројатно многу интересни нешта од нивниот разговор испуштив, зашто го чув само крајот: - Нека си легнат, па ќе поразговараме за сè, - предложи татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)