нивен (прид.) - ред (имн.)

А сега... Откако ги испрати двајцата постари браќа кон Калето, беше нивни ред да носат храна, не мина ни половина час, три пати се чу ударот на металната рака врз металното топче на надворешната порта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги испофатија сите, благодарение на предавство кое дојде од нивните редови.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таа ги убиваше еден по еден, ги денеше на конец, како и се сакаше, а овие само генерално ја заплашуваа. Ѝ се закануваа дека ќе ја отпишат од нивниот ред.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Решението на целата бригада беше строго и неумоливо: да се отстрани тој пакосник од нивните редови!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)