нивен (прид.) - свест (имн.)

Можеби најголемиот проблем е во сѐ понејасното разграничување меѓу реалното и виртуалното во нивната свест.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Меѓутоа, се таложат вековите на Балканот врз нивната свест и им шепотат - тоа е самата смрт преобразена во забесто и привидно неснаодливо животно, поточно гнил костур во чии обрачи на ребра е затворен светот со сите реки, градови и села, се со што живее како човек, животно растение: пеколот е на земја, земјата во него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие што успеваат да се ослободат од притисокот на амбициите во нивната свест, сигурно го имаат клучот на спокојната среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во однос на економската состојба на населението во Македонија членовите на британските воени мисии известувале дека локалното население живее во невозможни услови и дека нивната свест кореспондира со нивните материјални услови.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)