нивен (прид.) - сиромаштија (имн.)

Се враќаме тажни и исполнети со сочувство за тие луѓе не заради нивната сиромаштија, туку заради нивното молчење, нивната непристапност, нивното студенило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кутриот Хелвиг. Ѝ стануваше јасно зошто тој се чувствуваше така весело, среќно кај нејзините дома, со сета нивна сиромаштија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како да сакаше да ги натера да разберат дека нивната сиромаштија и заостанатост се резултат на нивната малоумност од којашто тој сака да ги спаси.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нивната сиромаштија беше натоварена со уште едно зло за кое не се гледа лек.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)