нивен (прид.) - средина (имн.)

Беше во нивната средина, како во толчникот на еден таков огромен бел цвет, и можеше да ги опфати сите нив само со еден поглед и без да направи ниедно движење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со оглед на строго конспиративното подготвување на динамитните акции и изолираноста на самите гемиџии, за нив податоци можел да остави само човек од нивната средина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)