нивен (прид.) - страна (имн.)

91 Треба да се потенцира дека работниците, и пред и за време на штрајкот, на повеќе наврати се обраќаа до Трудовата инспекција, меѓутоа од нивна страна немаше никаква реакција, за што Ѓорѓиев- ски има сериозни сомненија за корупција кај инспекторите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текот на главната расправа ќе се расправа за предлозите на странките и за фактичките наводи со кои странките ги образложуваат своите предлози, односно ги побиваат предлозите на противникот, како и за доказите понудени од нивна страна, ќе се изведуваат доказите и ќе се претресуваат резултатите од нивното изведување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа утврдува дали дошле сите повикани лица, па ако не дошле, проверува дали се уредно повикани и дали го оправдале својот изостанок (чл. 279, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веднаш после добивањето на отказот тој, по консултацијата со претставници од правната служба на синдикатот како и со адвокат (Љ. Т. Илиевски), кој понатаму правно ќе го застапува во сите фази на работниот спор, се решава да покрене работен спор пред надлежниот Основен суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А потоа, доаѓаат оние интриги од нивна страна и, зачуденоста и бесот, од моја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сопотоштани, поврзани со некои Турци, со рушвет, се обидуваа да тргнат од нашата вода на нивна страна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На Митрета му се бендиса одличниот план и длабоко се издиши, небарем товар симна од грбот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Толета му се отворија очите и се осети окуражен кога разбра дека и други како него мислат за она што сам си го постави за цел; а Трајко и Атанас, задоволни што ја исполнија задачата што им ја возложи Организацијата, дури и со факти ќе докажат со двесте и педесет лири, дека Толета го завртоа на нивна страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ако забележи некој од вас некој пезевенлак од нивна страна, ќе ми кажете мене, јас ќе ви наредам што ќе правите после, — им стави до знаење на сите свои потчинети и ја прифати поканата од чорбаџи Чешелка да му биде гостин вечерва, а другите чорбаџии зедоа по еден мулазим, чауш или башчауш и сите вечерта добро го нагостија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И таа е наредена — одговори спокојно Илија и му објасни на Митрета, дека тој им рече на трупарите и на мајсторот да и кажат на потерата дека дојде Толе Паша, зеде леб и фати нагоре орманот, а од нивна страна веднаш тргна Илија да стори абер в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го оставија селаните, но само од директното учество, а советите ги прифатија и многу умно направија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На разделба Трајко му рече на Толевци: — Ете, отсега да знајте, кај ќе одите, ќе и барате нашите работници од Организацијата и тие ќе ви даваат јадење и меќан без да плаќате ни грош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мајка ѝ на Благуна, и сама посветена во Организацијата, претрнета од страв и очајна, а немајќи на кого да му се обрати за помош, ја посоветува Благуна да отиде кај Десимира и да го замоли да дојде дома кај нив и пред стрико ѝ Крстета да се заколни дека меѓу него и Благуна ништо не било и дека таа Благуна не ги предала луѓето од Началството.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еден руски патешественик, по име Виктор Григоровиќ, професор од Казан многу се изненади кога виде славјански книги во Охрид, во моето родно место Струга, во Преспа и др. затоа што тукашните славјани не им биле познати на европејските народи, туку од нивна страна биле сметани за некаков друг народ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но како храбри војници на нивна страна и редовни исплатувачи на давачките, полезни, дури и повеќе од муслиманите носители на титули и земјишни поседи па затоа и заштитувани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му предлагале да ги предаде своите, да се здружи со Ѕацеските, Вуѕеските, и Трпкоските од Тополчани и со Ржаникоските од Тројкрсти и заедно со нив да поведе српска чета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За да се избават од гневот народен, поганците отстпија на чифлигот Муслиоски, сам Амди ага, кој отворено прејде на нивна страна, ги повика таму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во Потковицата сите знаеја дека за предавниците од страна на Организацијата пропишана е само една единствена казна - смрт, а можеше да го стигне и секого друг кој ќе се ставеше на нивна страна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во пролетта во 1914-та, српските окупациони власти во Македонија сета македонска младеж, од седумнајсетгодишна возраст нагоре, почнаа даја мобилизираат за да се бори на нивна страна против Австроунгарците, а после, во првата Голема војна, и против Бугарите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му отишле дома му, како на најглавен претставник на Организацијата во Потковицата и почнале со арни зборови, со злато и со свила да го вијат да премине на нивна страна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Францускиот народ сè повеќе ја согледува неодржливата ситуација во Македонија и еднодушно е на нивна страна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Беше свеќар. Занаетот го имаше наследено од татка си кој со турците знаеше добро да преговара, да се пазари и без проблеми од нивна страна да склучува добри зделки со христијанското население во Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
По мое мислење, многу е љубезно од нивна страна што се јавија по телефон.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во ЗОК од 1989 не беше прецизиран никаков лимит во однос на должината на работниот стаж на работниците кога станува збор за правото на купување под повластени услови од нивна страна (купување на интерни акции).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Потоа почна да му вика: - Вие сте на нивна страна. На страната на тие нелуѓе!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Правдата беше на нивна страна, само требаше да ја најдат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овие луѓе што им го даваа лебот им сочувствуваа, беа на нивна страна, на страната на правдата. Крај нив и тие не се чувствуваа сами.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И, најчесто, судбината беше на нивна страна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако не бидеш на нивна страна, ќе те интернираат, со семејство­то, во логорот Порто Романо.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Јас бев, Аксја, двапати со црвените; и откај нивна страна сум се борел“ се обидел да ја утеши татко ти, „и знам оти помеѓу нив беа истите оние луѓе кои беа и кај нас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
“ и дека нема да учествуваат во војните меѓу европските сили, ниту да се мешаат во работите што се однесуваат на нив.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа, од обѕири спрема чесните и пријателски односи што постојат меѓу САД и овие сили, должни сме да објасниме дека секој обид што би дошол од нивна страна, во смисла на проширување на нивниот систем на кој било дел од оваа хемисфера, ќе го сметаме за опасен по нашиот мир и безбедност…
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ми вети дека ќе ми купи бутик и стан кога ќе пораснам, само да бидам на нивната страна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Жените не им се гледаа надвор ако некој се приближуваше, но звукот на дајрето што најчесто приквечер го трепереше воздухот од нивната страна, му ја кажуваше на синот на Тајко тажната приказна на сите сиромаси кои усилената веселост ја користеа за прикажување пред светот на среќата што на богатите им недостасува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)