нивен (прид.) - тема (имн.)

Татко не беше начисто каде целеше Камилски со својата тирада за Рабле и неговата гастрономија, имајќи чувство дека тој се оддалечува од нивната тема, но тој веруваше дека е длабоко во темата: Имало многу обиди во историјата на човештвото во време на револуции и окупации, побуни и нови режими, да се чистат јазиците од зборовите на другите, со помал или поголем успех, но најтешко се менувале заемките за јадењата, односно за гастрономијата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко внимателно слушаше, задоволен што Камилски најпосле се доближува до нивната тема за називите на османскотурцизмите во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нивната тема беше „Нехендикепирана куќа“, т.е. „Децентриран Дом“, како што темата ја сфати гостинот на Летната школа и уредникот на Маргина, П.Вулкански, чијшто кус текст го пренесуваме, очекувајќи во следната Маргина да објавиме уште некој текст на тема „Нехендикепирана куќа“ (или Дом, како што сакате).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како во еден јазик, така и во гастрономијата, се мешаат составните делови од културите на различни народи, цивилизации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)