нивен (прид.) - уметност (имн.)

Значи (за разлика од нивната уметност - овде сосема не­свесно), Динос и Џејк Чепмен, со ка­ракте­ристичен недостиг на став (што е една од главните забелешки кон попу­ларната култура) упатуваат на вкоренетоста на насилството и смртта во јазичките структури.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во овој век интерпретативните текстови за уметниците и нивната уметност достигнаа беспримерен степен на влијание, делумно поради својот обем и разновидност; а јавното мислење честопати е моделирано барем исто толку од објавените критики колку и од директното восприемање и доживување на делата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сепак е јасно дека Риверс поседува креативно јадро, и дека неговите неуспеси најчесто се резултат на первертирањето на неговата моќ и неспособноста константно да остане во контакт со своето влијание. желбата за признание и награда без сомнение е пречка во развојот на Риверс а неговиот нагон да живее и работи со полна брзина, понекогаш го попречува а понекогаш го свртува неговиот пат од талентиран но дезориентиран почетник, кон значаен оригинален мајстор на модерната уметност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Воопшто не се сомневам дека третманот на Риверсовите дела од страна на критиката е под силно влијание на реакциите на критичарите на неговата личност, и дека неговиот намерен публицитет и спремност јавно да ги признае мотивите и целите што другите уметници исто така ги имаат но ги чуваат во својата приватност, го обои вреднувањето на неговата уметност...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во една кариера обележана со периодично напуштање на успешните техники и методи на работа, со постојани обиди успешно да се обедини формата со значајната содржина и со една лична блескавост која што често се закануваше да го затемни креативното достигнување, не е лесно да се лоцира адекватниот центар на енергија од којшто целата извонредна креативност се ревитализира самата себеси.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие се и таблоидно ѓубре и академска статија, тие се непоправливи популисти, но како и секоја ѕвезда имаат потреба од забележително појавување и култивирана митологија. 120 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Оние надвор од Британија кои за Жилберт&Џорџ знаат од книгите, од сериозните есеи во каталозите и филозофските размислувања за нивното дело, можеби ќе бидат зачудени од бројот на интервјуа, профили и новинарски истражувања во врска со Жилберт&Џорџ објавени во Британските весници и популарни спиисанија, и ниту едно од нив ниту ја допира нивната уметност на начин кој би бил поинаков од еден дополнителен поглед врз бизарноста на нивните животи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
По­себ­ната перверзност на оваа асоција­тив­на нишка е во потеклото на изразот „Fanny Adams“, што било име на една жена монструозно искасапена од некој си психопат, така што од неа не оста­нало баш ништо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)