нивен (прид.) - форма (имн.)

Тој го менува својот ритам, нивната форма се менува бргу.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За да ја објасниме задоволително привлечноста на Милдред Пирс за гејовите, мора да извршиме стилска анализа на речиси секој кадар во филмот, да направиме поцелосна верзија на анализата што предмалку се обидов да ја исцртам за онаа една сликовна низа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа би требало да вклучува споредување на разни структури, цртежи, облици, што човекот го прави тоа чисто врз база на нивната форма, не навлегувајќи во тоа што тие би можеле да значат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Наједноставните од нив сјадриле во себе долга историја и огромна и сложена низа од меѓусебно поврзани значења, значења нераскинливо отелотворени во самата нивна форма или во самиот нивен стил – обликот на славината, наглиот премин од говор во песна што му е карактеристичен на бродвејскиот мјузикл, осветлувањето на лицето на Џоан Крафорд и нејзиниот изговор на репликата што ја искажува гламурозната крајност на мајчинската абјектност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа е причината поради која и предметите на културните студии се до лудило тешки за анализа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секогаш кога говорот, движењето, однесувањето или предметите пројавуваат некаков отклон од најдиректниот, најкорисниот, најбезразумниот начин на изразување и на суштествување во светот, можеме да сметаме дека имаат „стил“ и дека се и автономни и примерни.391 ‌Токму затоа што стилот е отклон од нормата и начин на автономно постоење, бидејќи истовремено е и чуден самиот по себе и пример за себе – бидејќи самиот за себе си е нешто настрано – ете, токму затоа е тешко да му се објасни значењето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)