нивен (прид.) - љубопитност (имн.)

Седнуваше меѓу нив, божем колку да испуши една цигара, одговараше на нивните прашања коишто не беа многу, но секогаш промислени на рамништето на нивната љубопитност и сигурно насочени кон тоа да дознаат што повеќе за него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Описот на секојдневното однесување на нашиот херој ќе го надополниме со една специфичност која веројатно на многумина не им паднала в очи или ја избегнала нивната љубопитност: од вратот па угоре за Поетот (или во негово име) владее посебната поетска висока сфера, таканаречениот простор на имагинацијата и на ослободените намери од секаков вид туторства.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сѐ што ќе видеа им беше интересно: дојдени беа во непозната земја, непознат крај, ги интересираше архитектурата на куќите, носијата на луѓето, говорот, нивната љубопитност и нивното одење по нив како да е некоја процесија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Децата се зачешлаа, училтелката, дојдена со задоцнување, им ги прегледуваше ноктите и ушите, потоа ја задоволуваше нивната љубопитност и им објаснуваше, зашто тие тоа го бараа, што е тоа шпион.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дури откако им ја исцеди и последната капка трпение, одговори на нивната љубопитност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)