нивен (прид.) - натамошен (прид.)

И Татко не размислуваше многу за да ги каже своите пет први зборови, кои, не претпоставуваа бришење од јазиците, туку требаше да го докаже правото на нивниот натамошен живот и соживот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборовите беа: 1. ајде 2. јаваш 3. табиет 3. милет 4. капиџик 5. комшија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не можеше да ѝ се начуди на промената на Камилски: на почетокот радикален пуританец, кој беше за пресметка и отстранување, како што велеше, на опасните турцизми, а сега дури стануваше толерантен и помирлив кон нивната натамошна употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко не размислуваше многу за да ги каже своите пет први зборови, кои не претпоставуваа бришење од јазиците, туку требаа да го докажат правото на нивниот натамошен живот и соживот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Општата криза на градовите, како што покажува Доксијадис, има многубројни причинители и тешко е да се поверува дека нивниот натамошен развој и сраснување ќе ги намали урбаните проблеми.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Судбината на нивниот натамошен живот. На нивното дете.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Каков ќе биде нивниот натамошен однос? ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Знаеше дека од тој одговор многу зависеше нивниот натамошен однос. Со Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тие чекаат еден претходен извештај па да донесат дефинитивна одлука за нивниот натамошен однос спрема Михаиловиќ. 110
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таа смисла, само по еден месец по одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ, се одржа четничкиот конгрес во селото Ба, на 25 јануари 1944 година, во присуство на 274 делегати, меѓу кои и претставници на компромитираните и разбиени политички партии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Настанот со случајно откриените знамиња, во чеиз­ниот ковчег на Мајка, внесе голем немир во веќе смире­ната душа на семејството, привикната на двојноста на егзилот, на мачното, но достоинствено приспособување на новата средина која ги прифати нашите судбини, без пого­ле­ми потреси за нивниот натамошен тек. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)