нивен (прид.) - прв (прид.)

Многу ги сакаше Лоренс Оливие и Вивиен Ли, ги гледаше во нивниот прв заеднички филм „Оган над Англија“, го обожаваше Спенсер Трејси (го викаше Траси), а имаше гледано и неколку филмови на прекрасниот Чарли Чаплин кој ја секогаш ја развеселуваше но и трогнуваше до солзи, на неговиот единствен начин.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таквите јаничарски елити секоја империја ги подготвува со посебни, радикални методи: но суштинското обележје ќе биде како да ги ослободат идните ешалони на смртта од корените на нивниот прв, мајчин идентитет, од јазикот, верувањето, од рајот на детството...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше и сеќавање на нивната прва средба и клуч од вратата на нивниот рај.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во таков тон и помина нивниот прв разговор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)