нивен (прид.) - природен (прид.)

Татко сакаше, во долгата расправа што следеше со Камилски, да му говори за потеклото на јазиците, за нивната природна еволуција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И затоа постојано беше во неа: ги гледаше извонредните композиции, разните мотиви од овој и оној свет, од животот и смртта; ја гледаше огромната вечност, огромното божје царство населено во овој мал простор, во секое делче на ѕидовите, на сводовите, столбовите, куполите; чкрапаше со апаратот и ги сликаше ликовите воодушевен од нивниот природен израз близок до човекот, до радоста и тагата негова, со бои што го оживуваат, што ја потсилуваат драматиката, трагиката, и со темен фон зад кој се наѕира небесниот свет, обземајќи те со таинственост и возбуда.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тие сметале дека во случај ако таа информација да излезе во јавноста би имале големи проблеми во објаснувањето пред Југословенската и Грчката влада за британската акција за "употребата на Македонците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И можно, да се претпостави дека таа прак­тика ќе се шири и распространува како зараза, и ќе се одржи на овој трајно погоден терен поради балканскиот менталитет (...) Конечно, не е мала заслуга на авторот што со своите дела успеал Албанија и Македонија да ги претстави во нивниот природен простор – во Медитеранот кој, според него, непрестајно се колеба „помеѓу светлината и црното сонце”. Eric Naulleau,Roman de familles, Quantara 33/ automne 1999, Paris
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И едната и другата боја не се држеше јако за колцата и малку по малку боите фатија да се рушат и под нив фати да сјае нивната природна боја „словенска” со одблесок „македонски” од географската област во која се распределени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Експертите биле многу јасни кога констатирале дека ако го прифатат предлогот на Рендел, тие не би можеле да се сигурни дали „поткупените Македонци би апстинирале да не работат против југословенските и грчките власти, кои се нивни природни непријатели, и дали би работеле против Германците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ги запишувам овие стихови, значи, во нивниот природен тек, онака како што надоаѓаа мислата и размислата: спонтано, безмалу - автоматски.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)