ниеден (прид.) - глава (имн.)

А јас пак се чудам на истото тоа, само обратно: скоро година дена кампањи, агитирања, митинзи, трибини, јавни дебати, плакати, билборди, реклами, налепници, беџеви... и ниедна глава да падне, ниедна кола да пламне, ниеден излог да искршат, ниту некого на улица да малтретираат, ниту некого да замаваат со камења, ниту еден јавен собир со молотовки да финишираат, ниту троа реваншизам да видиме, ниту некој без работа да остане, ниту еден живот да остане упропастен, ниту троа калашников да проработи?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)