никаков (прид.) - важност (имн.)

Само трипати ни се случи во купонските времиња да останеме без нив: еднаш кога купоните ги изеде една од нашите кози од времето пред забраната за чување кози, другиот пат кога беа паднати зад еден креденец, а Мајка ги најде кога им беше поминат рокот и повеќе немаа никаква важност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше најкритичното место, но Толе не му придаваше никаква важност.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во рамките на империите, националните граници немаат никаква важност, бидњјќи империите непрекинато ги мешаат народите за границите да ја загубат својата релевантност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мојот другар Мартин во последно време многу се здебели. За волја на вистината, се здебелив и јас, но тоа не е од никаква важност за малава приказна што ќе ви ја раскажам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќе не можат да бидат — го тешеше Толе Петрета и му го покажуваше силниот Брниклија, кој со нокти му ја извади душата на војникот во Брник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)