никаков (прид.) - глас (имн.)

Слабините им се пресламчени, тукуречи залепени. Никаков глас не можат да покренат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште од ходничето привикува Роса која ѕирнува прво кај Петра и оти никој таму, а во мигот ни кај Митра и Чана никаков глас О Петру мри, о Митру, тук сте али не!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ние зборувавме: „Да се биде луд е исто што и да се биде во опасност, да се прави обид да се викне за помош, а никаков глас не може да излезе од устата – грлото се напрега, и јазикот, и усните, а сѐ е попусто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Под покривите како да лежеа фараонски гробници во некој свет на мистерии.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И до оној кој е во опасност има луѓе, само свртени му се со грб, и не можат да знаат што му се случува, затоа што погледот на оној кој е во опасност, и нивните погледи, гледаат во различен правец, кон други пејсажи, кон различни неба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа сѐ се стивна. Останав сам помеѓу два реда куќи, од кои не се слушаше никаков глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)