никаков (прид.) - граница (имн.)

Читајќи ги тие книги, дознаваше дека, всушност, не постои никаква граница меѓу животот и смртта: сеедно е дали овој живот овде го живееш или оној другиот горе: никаква разлика во тоа нема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но ... сѐ додека некој на овој начин сака да покаже дека не постои никакво трансцендентално или привилегирано означено и дека полето или играта на означување понатаму немаат никаква граница, тој мора да го отфрли дури И самиот концепт И збор знак - а тоа е токму она што не може да се направи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да земеме еден од бројните примери: метафизиката на присутност е разнишана со поимот на знак.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Убаво е во животот кога тежнееш кон нешто и имаш пред себе цели, па си исполнет, реалноста и мечтаењето се испреплетуваат и не постои никаква граница меѓу нив.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Токму поради ова ние можеме на него да ја примениме деконструктивистичката операција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во нејзината топла душа, исполнета со синевината од која не можеше да ја раздели никаква граница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)