никаков (прид.) - звук (имн.)

Некаде од голема далечина допираа слаби викотници на деца: во самата соба немаше никаков звук освен отчукувањето на часовникот што наликуваше на грепкање на инсект.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Собата беше тивка, без никаков звук. Старецот не се ни помрдна на патосот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ване ја турна портата со нога, но таа толку лесно се отвори што не издаде никаков звук, па дури ни како кога нокот загребува по коска - како да била повеќе отворена одошто затворена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)