никаков (прид.) - опасност (имн.)

И така, во седумдесеттите години на дваесеттиот век, според неговите процени, не постоеше никаква опасност, ни за него ни за семејството, да ни ја открие нам, на неговите деца, некои веќе возрасни, тајната за роднинските врски со Фатхи-беј Окијар, да ни ја открие тајната на својата цариградска младост и, конечно, да ни проговори за средбата со Ататурк.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се прости со заптиите во Дуње, бидејќи беше близу до Прилеп, а рано се спреми денски да се прибере, та не подозрувајќи никаква опасност, тргна само со својот гаваз и Андона, кого сакаше уште да го протепа патема што го излага во Полчишта оти ќе плати, кога ќе си отидат во неговото село — Дуње, а од друга страна со него сакаше и да се оправда пред своите старешини во Прилеп, дека ги употреби сите мерки, а останале понеколку души фукара од секое село што не платиле, ама барем разбрале оти живеат во царштината на Султанот, носејќи ги сињилата по телата од стаповите на авалеџијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја виде еднаш, дури и разговараше со неа. Во тоа немаше никаква опасност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога лисичињата видоа дека од зајачињата не им се заканува никаква опасност, почнаа да ги молат: - Останете да си играме, викаа во еден глас.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Можеби сега удобно залегната во фотелја си гледа телевизија, а можеби и спие, а мене којзнае што уште ме чека.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да – реков огорчено – само што ние не сме Снежани, и што ова не е бајка. – И се сетив на другарка ми Снеже, оти таа е Снежана и ѝ завидував што си е дома, во Скопје и никаква опасност не ѝ се заканува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од тоа набргу се исплете приказната за најстариот комунист во нивното село, а внукот веќе беше регистриран како Сталинче и немаше никаква опасност Језекил да не го добие местото на бригадир на градежната бригада на Задругата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Катерина изгледа сепак со право забележа дека ние веќе подолго време имаме зборно место и дека таа не гледа никаква опасност од загубување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ваквото нејзино однесување во најмала рака ми се чинеше чудно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Алхен не можеше да не ја украде капелата. И сега тој многу се срамеше.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На ѕидот, прострен од прозор до прозор, висеше парола, напишана со бели букви на парче тоалденор со боја на глушец: „Дувачкиот оркестар е пат до колективното творештво“ - Многу добро, - рече Остап, - собата за кружоци не претставува никаква опасност во поглед на противпожарната заштита. Да одиме натаму.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дневната светлина криеше опасности, отсекогаш било така, секогаш и ќе биде; но ноќе, ах, ноќе, едреше над островите од облаци и океаните на летното небо. Без никаква опасност. 7
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)